ЕУ ќе воведе санкции и за рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу


Сергеј Шојгу

 

Европската унија е подготвена да воведе санкции против рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу како дел од нејзиниот одговор на распоредувањето на трупи од Москва во источна Украина, се вели во нацрт-документот што го видел „Политико“

Во документот, од 22 февруари, се наведени повеќе од 20 лица и ентитети што треба да бидат санкционирани од ЕУ како дел од пакетот што се очекува да биде финализиран подоцна денеска.

Во документот се вели дека под команда и наредба на Шојгу „руските трупи одржаа воени вежби во незаконски анектираниот Крим и се позиционирани на границата“ со Украина и „тој е на крајот одговорен за секоја воена акција против Украина“.

„Затоа тој е одговорен за активна поддршка и спроведување на акции и политики кои го поткопуваат и загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, како и стабилноста или безбедноста во Украина“, се вели во документот.

Истиот документ потврдува дека три руски банки исто така треба да бидат цел како дел од пакетот санкции на ЕУ.