ЕУ ја осуди хибридната војна на Русија на Балканот


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вги осуди руските хибридни напади врз демократиите на Западен Балкан и пошироко, велејќи дека Европската унија секојдневно се бори да разоткрие дезинформации, пренесува АП. Фон дер Лајен ги осуди напорите на Русија да ги „дестабилизира овие демократии“, додавајќи дека Брисел работи на разоткривање на пропагандата „за доброто на целиот регион“.

 

„Можно е да се бориме со вистина, транспарентност и многу јасни пораки. Значи, овде ние всушност се спротивставуваме на хибридниот напад што Русија го води против демократиите“, рече таа.

Минатата година, претставниците на ЕУ им понудија на земјите од Западен Балкан план за раст од шест милијарди евра во обид да ги удвојат економиите во регионот во следната деценија и да ги забрзаат нивните напори да се приклучат на блокот. Оваа помош зависи од реформите што би ги усогласиле нивните економии со правилата на ЕУ.

Земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија – се во различни фази на аплицирање за членство во ЕУ. Земјите се фрустрирани од бавното темпо на процесот, но руската инвазија на Украина во февруари 2022 година ги натера европските лидери да се залагаат шесте да се приклучат на блокот.