ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута


Европската Унија ѝ обезбедува на Шпанија околу 115 милиони евра за справување со миграциската криза во нејзината северноафриканска енклава Сеута, јави ДПА.

Средствата се наменети за зајакнување на заштитата и надзорот на границите, а тие, исто така, ќе бидат искористени за обезбедување пристојно сместување за малолетници без придружба и за олеснување на враќањето на лицата без право на престој, соопшти денеска Европската комисија.

Шпанија уште на 24 август поднесе барање за итна помош.

Според владините податоци, на 30 и 31 јули околу 72.000 мигранти допливаа од Мароко до Сеута или ја прерипаа граничната ограда. Повеќето од нив се вратија во мароко во рок од неколку часа, потсетува ДПА.

Меѓутоа, дури и повеќе од еден месец подоцна, неколку илјади мигранти сè уште се во областа,а нивната бројка според регионалниот претседател, останува нејасна.