ЕУ е политичка и бирократска машинерија, оцени Сиљановска
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Црна Гора изјави дека сѐ додека од нас се бара исполнување на дополнителни услови, надвор од Копенхашките критериуми, ќе постои опасност од непочитување на основните вредности и принципи на ЕУ, без коишто таа се сведува на политичка и бирократска машинерија.
Сиљановска овие забалешки ги даде за време на блитареланата средба со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во Цетиње. Таа ја потенцирала важноста од градење добрососедски односи со отворен и искрен дијалог, со избегнување на ветото, соопшти нејзиниот кабинет.
Милатовиќ и Сињановска заклучиле дека традиционално пријателство, меѓусебна поддршка и разбирање и заедничкa стратешка цел за членство во ЕУ ги карактеризираат македонско-црногорските односи. Посочувајќи дека Црна Гора е земја-предводник во преговарачкиот процес со ЕУ, Милатовиќ изрази силна поддршка за секој направен исчекор во македонските интеграции.
Во Подгорица денеска се одржува Балканскиот форум за интеграција 2025.