Ердоган потврди: Уапсен е Абу Зеид, лидер на Исламска држава


Турската полиција го уапсила Башар Хатаб Газал ел Сумајдал, попознат како Абу Зеид, кој е еден од лидерите на терористичката организација Исламска држава.

Веста ја потврди и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесе Анадолија.

Абу Зеид е уапсен во Турција, во операција која ја спроведоа полицијата и турската разузнавачка агенција, рече вчера Ердоган на враќање од балканската турнеја, пренесе АП.

Меѓународните извештаи и извештајот на Обединетите нации наведуваат дека Абу Зеид е еден од високите раководители на терористичката организација Исламска држава, рече Ердоган.

Абу Зеид е предаден на правосудните органи во Турција, по испрашувањето во полицијата и разузнавачките служби.