Ердоган испрати предупредување: Може изненадно да се појавиме една ноќ…
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган соопшти дека турската армија може изненадно да започне офанзива на истокот на Еуфрат во Сирија со цел да се формира безбедносна зона.
„Можеме изненадно да дојдеме една ноќ“, изјави турскиот лидер на отворањето на есенското заседавање на турскиот парламент во Анкара, јавува „Анадолија“.
Според информациите, Ердоган двапати ја изговорил оваа фраза пред војниците кои учествуваа во операциите во Сирија „Штит на Еуфрат“ и „Маслинова граница“.
Тој додаде дека Турција самостојно ќе формира безбедносна зона на северот на Сирија ако не се договори со САД.
„Нема веќе ни ден чекање. Ако не постигнеме никаков договор со САД, ние нема да имаме друг избор. Планираме од зоната со ширина од 30 километри да раселиме два милиони бегалци. Ќе одиме по својот пат и веќе почнавме да делуваме“, изјави Ердоган.
Тој укажа дека Турција се обидуваат да ја фрлат на колена така што и ги ставаат на товар бегалците, но дека тоа нема да им успее.
„Ние не сме земја каде што можат да пробуваат такво сценарио. Рековме дека тие игри се завршени“, додаде турскиот лидер.