„Епл“ нуди два милиони долари ако успеете да го хакирате iOS 16
Новата верзија на платформата iOS пристигнува со безбедносен режим, за кој Apple тврди дека е непробоен.
Apple претстави нова функција за време на овогодинешниот WWDC, наречена Lockdown Mode. Функцијата пристигнува со системот iOS 16, а е наменета за борба против малициозен софтвер.
Компанијата сега соопшти дека ќе понуди награда од два милиони долари, за да ги поттикне ентузијастите да го „пробијат“ заклучениот режим во iOS 16.
Lockdown Mode е исклучително строг режим за безбедност и заштита. Неговата главна примена е во случаи кога корисниците се сомневаат дека телефонот е заразен со „тројанец“. Исто така, модот го штити iPhone од следење од непознати извори.
Кога iPhone е во Lockdown Mode, системот ќе го блокира аплоудирањето фотографии и прегледот на линкови во повеќето iMessage пораки. Покрај тоа, ќе ги блокира поканите преку сервисите на Apple, како што се повиците на FaceTime од непознати броеви. Дополнително, податоците на iPhone ќе бидат блокирани додека уредот не се отклучи.
„Иако мнозинството корисници нема да бидат жртви на насочени сајбер напади, ние мора да ги заштитиме сите корисници на производите на Apple. Lockdown Mode е револуционерна функција, што е одраз на нашата посветеност да ги заштитиме корисниците од напади“, рече Иван Крсти – директор за безбедносно инженерство и архитектура во компанијата Apple.