„Епл“ го прекинува производството на iPod touch по 21 година
„Епл“ објави дека го прекинува својот оригинален музички плеер, iPod touch. Фирмата вели дека ќе остане достапен за купување „додека го има на залихите“.
Последен пат беше ажуриран во 2019 година.
Иконскиот MP3 плеер беше лансиран во 2001 година и може да складира 1.000 песни. Денес има повеќе од 90 милиони песни достапни преку услугата за стриминг на „Епл мјузик“.
Дизајниран е од Тони Фадел, кој подоцна го измисли iPhone.
Грег Џосвијак, виш потпретседател за светски маркетинг во „Епл“, рече дека гаџетот „редефинирал како се открива, слуша и споделува музиката“.
Бен Вуд, главен аналитичар во CCS Insight, изјави за Би-Би-Си дека секогаш било неизбежно iPhone-от еден ден да го замени iPod-от.
„Навистина е зачудувачки што само 15 години подоцна iPod го достигна крајот на патот“.
Каролина Миланези од Creative Strategies рече дека падот на продажбата на iPod е поврзан со порастот на продажбата на iPhone – како што е преминот од дигитални преземања до стриминг.
„Пропаста на iPod-от е веројатно најдобриот пример дека ‘Епл’ не се грижи за канибализирање на сопствените производи“, рече таа.