ЕП денес ќе гласа за европската перспектива на Македонија


Претседавачот со Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, германскиот пратеник Дејвид Мекалистер

Денеска во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ќе се гласа за европските перспективи на Северна Македонија и Албанија. Преставникот на Европската народна партија во Европскиот парламент за Северна Македонија, Кристијан Сагарц, повторно е за брз почеток на пристапните преговори,

 „Северна Македонија и Албанија ја завршија домашната задача и вложија големи напори да ги исполнат барањата на Европска унија. Сега останува на Европската унија да ги исполни своите ветувања и да ги започне пристапните преговори што е можно поскоро. По страшната војна во Украина, обединета Европа е потребна повеќе од кога било. Важен прв чекор би бил интеграција на земјите од Западен Балкан во европската област на мобилни комуникации.

Би било историска грешка доколку продолжиме да ги одложуваме преговорите со двете европски држави кои се подготвени да се реформираат и ги споделуваат нашите вредности. Бруталната војна на Путин во Украина покажува колку малку руското раководство, на пример, го споделува нашиот пристап до мирот и човековите права. Конкретно на Западен Балкан, мораме да поставиме јасни сигнали за успешно да одиме по нашиот европски, мирен и демократски пат во Европа и светот“, вели Сагарц, заменик-претседател на Комитетот за човекови права во Европскиот парламент.