Ендрју Тејт и неговиот брат во Британија обвинети за затајување данок од 21 милион фунти


Инфлуенсерот Ендру Тејт и неговиот брат Тристан се обвинети дека не платиле данок на 21 милион фунти приход од нивниот интернет бизнис.

Полицијата во Девон и Корнвол поднела граѓанска тужба против браќата и трето лице, познато само како Ј., пишува Би-би-си.

За што беа обвинети браќата Тејт?
Тие се обвинети дека не платиле данок во ниту една земја на нивните приходи од интернет бизнис во периодот од 2014 до 2022 година.

Полицијата бара враќање на околу 2,8 милиони фунти на седум замрзнати банкарски сметки, тврдење кое го оспорија тројцата обвинети.

„Ендрју Тејт и Тристан Тејт беа сериски затајувачи на данок и ДДВ“, изјави Сара Кларк К.Ц од полицијата во Девон и Корнвол, за судот на Вестминстер.

„Браќата Тејт, особено Ендрју, се дрски за затајување данок“
Кларк цитираше видео објавено на интернет од Ендрју Тејт, во кое тој рече: „Кога живеев во Англија одбив да платам данок“.

Таа исто така рече дека браќата Тејт имале голем број банкарски сметки во Велика Британија, од кои седум се замрзнати.

Кларк рече дека парите, од различни производи продадени на веб-страниците, вклучително и OnlyFans, биле испрани на голем број банкарски сметки во Британија.

„Вака изгледа даночно затајување, вака изгледа перење пари“
„Покрај тоа што поседуваат големо земјиште, имот и возила во Романија, Тејт ја трошеле својата заработка на брзи автомобили и имот. Така изгледа даночното затајување, вака изгледа перењето пари“, изјави Кларк пред судот.

Браќата се обвинети дека уплатиле нешто помалку од 12 милиони долари на сметка на лице по име Ј. и отвориле втора сметка на нејзино име, иако таа немала никаква улога во нивните афери, му било кажано на судот, пишува Би-би-си.