Некој штотуку ја купи најскапата чанта Луј Витон во светот


Светот на модата ретко шокира или остава некого во неверица. Но, сега, се случи преседан и многумина останаа без зборови од веста – модел на чанта Луј Витон е продаден на аукција за 44.100 долари. Тоа е најскапата чанта продадена од овој бренд досега, а моделот е многу необичен.
Познато е дека Луј Витон е статусен симбол и моден бренд кој се продава за многу пари, но оваа сума ги изненади дури и претставниците на компанијата. Исто така, иако на прв поглед би помислиле дека станува збор за некаков вид винтиџ парче, или уникатен моден дизајн украсен со ретки дијаманти, напротив. Во овој случај, обете претпоставки би биле погрешни, бидејќи дизајнерската чанта продадена за највисока сума е во форма на жолта тиква, пишуваат странските модни списанија.

Станува збор за кратко производство, изработена од црна и жолта кожа, а е создадена во соработка со јапонската уметница и легенда Јајои Касума (94), чија љубов кон точките создаде свет на инспирација и за модниот и за уметничкиот свет.

 

 

 

Раководителот на продажба, Пејџ Рубин, рече дека чантата „допрела до срце кај лојалните колекционери на уметнички дела од Кристи“ и затоа е толку успешна, а аукциската куќа постигнала неверојатен резултат со „Тукината Касума“.

Поточно, чантата продадена на аукција ја зголемила својата почетна цена за четири пати, поставувајќи нов светски рекорд не само за моделот, туку и за која било чанта Луј Витон.