Емиратите ги укинаа визите за Македонија


 

„Убавата“ вест што вчера ја најави премиерот Христијан Мицкоски денеска беше обелоденета како укинување на визите за македонските граѓени кои патуваат во Обединетите Арапски Емирати.

„Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја.

Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина“, напиша Мицкоски на Фејсбук.