ЕМА одобри два лека за корона на база на антитела


Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека прв пат одобрила пуштање на пазарот на ЕУ два лека на база на антивирусни моноклонски антитела за корона вирус, наменети за примена во рана фаза од заразата со Ковид-19.

ЕМА во соопштението наведува дека ги одобрила лековите „ронапреве“, развиен од швајцарскиот фармацевтски гигант „Роше“ и американскиот „Рефенерон“, и лекот „регкирон“, развиен од јужнокорејската компанија „Селтрион“.

„Ронапреве и регкирон се први лекови врз база на моноклонски антитела кои добија позитивно мислење (…) за Ковид-19“, наведува ЕМА која е со седиште во Амстердам.

Важна етапа

Евроспкиот комесар за здравство Стела Киријакидес рече дека одобрението на овие лекови е важна етапа во сузбивањето на болеста затоа што ЕУ досега се потпираше на четири вакцини.

„Со оглед на порастот на бројот случаи со заразата во речиси сите држави членки, се охрабруваат бројни нови можности за лекување кои настануваат во рамките на нашата стратегија за терапија за таа болест. Денес направивме крупен чекор кон остварување на целта ЕУ до крајот на годината да одобри пет нови терапии“, додаде таа.

Истакна дека вакцинацијата уште е клучен инструмент во борбата против Ковид-19, за заштита од инфекции, хопитализавција, губење животи и долгорочни последици од болеста. Покрај вакцините ќе требаат и сигурни и делотворни лекови кои ќе им помогнат на луѓето да преживеат, да се борат против инфекцијата и побрзо да се опорават.

Достапни на пациентите низ цела ЕУ

ЕМА анализира уште шест лекови кои наскоро би можеле да добијат одобрени е, ако се потврдат конечните податоци за нивната делотворност и безбедност.

Комисијата во октомври состави портфељ од 10 потенцијални терапии за Ковид-19, кој се темели на независни научни совети. На тој список се потенцијални терапии за кои постои веројтност дека ќе бидат одобрени и наскоро дотапни на европскиот пазар.

Антителата се една од базите на нашито имуносен систем. Нашето тело реагира на опасност, како што е вирусот, со производство на антитела кои го препознаваат “непријателот“.

Синтетизираните антитела се добиваат со издвојување од протидните и нивно вештачко размножување за потоа да се користат во лекување, галавно како инфузија.