Елон Маск ги однесе четирите сина на средба со папата (фото)


 

Милијардерот Елон Маск, сосопственик на американскиот производител на автомобили „Тесла“, објави фотографија со папата Франциск на која се наоѓаат и неговите четири сина. Маск напиша дека е почестен што го запознал папата.

Извршниот директор на „Тесла“ и на „Спејс икс“ не беше на службената листа посетители, па можебе до поглаварот на католичката црква се сретнал во приватна режија. Според италијанските медиуми разговарале за технологија и како таа може да им помогне на луѓето во иднина.

Средбата била во домот Света Марта каде живее папата. Маск објави фотографија од состанокот во раните утреински часови во саботата откако недела и пол не објави ниту еден твит.