Елмас очекува тежок натпревар, утре против Швајцарија


Фото: Б. Грданоски

Со капитенот Енис Барди и селекторот Гоце Седлоски на денешната прес-конференција присуствуваше и еден од нашите најдобри фубдалери Елиф Елмас.

Фудбалерот на Аталанта очекува тежок натпревар, но верува во позитивен резултат.

„Очекувам тежок натпревар играме со силна репреентација, знаеме кај стигна ова лето на Мундијалот, но ние сме максимално спремни и ќе дадеме се од себе за позитивен резултат. Ние бевме млади кога дојдовме, сега ни е чест да ги пречекаме новите, знаеме како е кога ќе дојдете првпат тука, на секој му е чест да игра за својата држава. Дури мислам дека и повеќе треба да даваме шанса на младите да собираат искуство. Кога сме тука не гледаме на клупската сиутација, даваме максимум и сега мислам дека утре ќе имаме позитивен резултат“, изјави Елмас.

Натпреварот помеѓу Швајцарија и Македонија е закажан во терминот од 20:45 часот.