Светна Божикната елка во Њујорк


САД-Една од најраскошните Божикни елки, препознатливата норвешка смрека, светна пред центарот Рокфелер во Њујорк, САД.

Божикното дрво е високо 75 метри и тешко 12 тони, а украсено е со 50 илјади разнобојни лед светилки и кристална ѕвезда  „Сваровски“ на врвот.

Церемонијата на поставувањето и китењето на празничната елка пред Рокфелер центарот во метрополата оваа година траеше пократко од обично. Поради пандемијата на коронавирус, присутните беа со заштитни маски на лицата и на пропишаната физичка дистанца.

Пред центарот Рокфелер во Њујорк ќе свети до 17 јануари кога ќе биде донирана во добротворни цели.