Електричните автомобили поштетни од дизелашите?!


Германско истражување ја доведе во прашање еколошката прифатливост на електричните автомобили.
Научниците по новата анализа укажаа дека електричните автомобили ѝ помагаат на климата само на хартија и дека, всушност, се полоши за околината од дизел-возилата.
Кристоф Бучал, професор по физика од Келн, со колегите Ханс-Дитер Карл и Ханс-Вернер Син за Институтот за економски истражувања составија извештај.
Кога ќе се земат во предвид емисиите на јаглерод-диоксид од производството на батерии и необновливите методи користење за производство на електрична енергија во Германија, електричните автомобили ја оптоваруваат климата 11 до 28 отсто повеќе од дизел-автомобилите, се вели во студијата, пренесе „Бизлајф“.
Батеријата на Тесла модел 3 произведува 11 до 15 тони јаглерод-диоксид. Со животен век на батеријата од 10 години и капацитет да помине 15.000 километри годишно, тоа значи 73 до 98 грама јаглерод-диоксид по километар, тврдат авторите.
Кога ќе се земе предвид и емисијата јаглерод-диоксид кој резултира од електричната мрежа, во стварноста, Тесла емитува меѓу 156 и 181 грам јаглерод-диоксид по километар, што значително повеќе од дизел-мерцедес, според студијата.
Производителите на автомобили планираат повеќето своите понуди да ги префрлат на електрични автомобили, но авторите на студијата велат дека за климата моторите на погон на метан би биле подобри, затоа што нивните емисии на јаглерод -диоксид за третина се пониски од емисиите на дизелашите.