Еквадорскиот претседател побара распоредување странски воени бази за борба со наркомафијата

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа за време на телевизиските дебати на почетокот на неговата кампања за вториот круг од претседателските избори повика на распоредување на странски воени бази во Еквадор за борба против шверцерите на дрога.
На гласањето закажано за 13 април, гласачите ќе одредат дали Нобоа или неговата левичарска ривалка Луиза Гонзалес ќе стане следниот претседател.
-Што да правиме? Да имаме база овде слична на онаа во Манта, базата што вие самите ја елиминиравте, за да може да се контролира трговијата со дрога, рече претседателот, кој владее со Еквадор од ноември 2023 година.
Нобоа мора да го измени Уставот за да овозможи распоредување странска воена база. Сепак, претседателот нагласи дека на Еквадор му е потребна помош од „САД, Канада, Италија, Франција, а не Венецуела или Иран“ за борба против трговијата со дрога.
Актуелниот претседател, 47-годишен адвокат, победи во првиот круг, но доби само 16.746 гласови повеќе од неговиот левичарски ривал.