Експлозија во погон на фабрика: Повредени тројца вработени


Фото: Б. Грданоски

Денеска, околу 00.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во погон на фабрика во кругот на поранешна Железара настанала експлозија.

При тоа со повреди се здобиле вработените Р.Ѓ.(41) од с.Студеничани, Скопско, К.Ф.(29) од с.Мојанци, Скопско и Р.С.(33) од с.Долно Количани, Скопско.