Експлозија во пиротехничка фирма во Словенија – најмалку еден загина
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/02/eksplozija.jpg)
Експлозија се случи во фирмата за продажба на пиротехника „Хамекс“ во Врхника, Словенија, при што едно лице загина, а двајца се тешко повредени.
Како што јави N1 Словенија, експлозијата се почувствувала во пошироката област на градот.
На местото на несреќата биле испратени неколку екипи за итна помош. За експлозијата во фирма во месноста Врхника околу 11.30 часот била известена полициската управа во Љубљана. Полицијата го обезбедила местото, а пожарникарите го гаснат пожарот.
Eksplozija Vrhnika? A kdo ve kaj o tem? pic.twitter.com/GGQFzobUt2
— Gregor Živec (@zivecgregor) February 17, 2023
Пожарникарите на ПГД Стари Врхник за Н1 потврдиле дека имало пожар во споменатата компанија, како и дека пожарот е веќе локализиран.
Жителите на Врхника велат дека слушнале три експлозии. Компанијата Хамекс д.о.о. е основана во 1991 година и ги продава своите производи на клиенти во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.