Експлодира плинска боца во Матејче, тројца на интензивна, тројца на пластика
Плинската боца експлодира во викендица во селото Матејче во општина Липково, информира ТВ21.
Според првичните информации повредени се шест лица на возраст од 30 до 40 години.
Од кумановската болница за ТВ21 велат дека три лица се на интензивна нега, односно пластична хирургија и три во градската болница.
Несреќата се случила во викендица, надвор од селото.