Економистот Џефри Сакс повика на истрага дали вирусот на Ковид-19 протекол од лабораторија


 

Експериментите во САД можеби придонеле за појавата на Ковид-19, предупреди водечкиот економист проф. Џефри Сакс и повика на независна истрага за тоа дали вирусот протече од лабораторија, пишува британски „Телеграф“.

Професорот Сакс, кој е два пати прогласуван за дел од 100-те највлијателни луѓе во светот според магазинот „Тајм“, ги повика универзитетите и истражувачките институции да ги отворат своите бази на податоци поради стравот дека лабораториите генетски модифицирале вируси.

Ковид-19 најпрво почна да се шири од пазарот за животни во Вухан, на околу 15 километри од Институтот за вирологија во Вухан (ВИВ).

Пишувајќи во списанието ПНАС, Сакс вели дека е јасно оти научниците од Универзитетот од Северна Каролина и и њујоршката „Еко хелт алијанса“ работеле со ВИВ за манипулирање со вируси.

„Предлозите за истражување покажуваат дека соработката била вклучена во собирање на голем број досега недокументирани вируси слични на Сарс и била вклучена во нивна манипулација. Има загриженост загриженост дека вирусот можеби заразил лабораториски работник“, рече тој рече тој во заедничка статија со проф. Нил Харисон од Универзитетот Колумбија.

Авторите рекоа дека пред пандемијата, работата на корона вируси слични на Сарс се изведувала како дел од „високо соработувачката програма за научно истражување на САД и Кина“ финансирана од американската влада преку Националниот институт за здравје.

Овој проект, познат како ПРЕДИКТ, се обиде да ги идентификува вирусите кои имаат потенцијал да прескокнат од животни на луѓе.

Истражувачите собраа корона вируси од лилјаци од Кина и југоисточна Азија, кои беа испратени во различни лаборатории за „секвенционирање“, „архивирање“, „анализа“ и „манипулација“.

Кина не успеа да соопшти голем дел од работата што се случуваше и ја отстрани базата на податоци со вирусни секвенци непосредно пред избувнувањето на пандемијата.

Но, експериментите се случуваа и во САД, кои исто така никогаш не биле откриени за независна анализа, тврдат авторите.

„Прецизната природа на експериментите што беа спроведени, вклучувајќи ја целата низа на вируси собрани од теренот и последователното секвенционирање и манипулација со тие вируси, останува непозната“, напишаа Сакс и Харисон.

Двојката, исто така, посочува дека истата група кинески/американски научници поднела предлози за вметнување на специјализирана карактеристика во вирусите слични на Сарс наречена локација за расцепување на фурин.