Економијата на Гевгелија зависи од грчките туристи, вели градоначалникот Сарамандов

Ако се суди според зборовите на градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, економијата на нашиот јужен град била во најголема мерка зависна од грчките државбјани и транзитните туристи, а не од фирмите што ќе произведуваат добра што ќе бидаст вградени во македонскиот инпут.
Сарамандов тоа го изјави на саемскиот отчет на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ насловен „4 години работа за тебе“.
„Грчките државјани се секојдневно присутни во нашиот град во текот на целата година, но тие не се само гости тие се на некој начин тие се партнер на нашата локална економија, најголем дел од малите стопанственици од Гевгелија зависат токму од приходите остварени од грчките државјани и од транзитните туристи, ние сме еден добар пример каде што добрата местоположба и добрососедските односи придонесуваат за финансиско зајакнување на една локална заедница како Гевгелија“, рече Сарамандов.
Сарамандов објасни дека како резултат на добрата соработка со грчката амбасада во тек е отворање на трговски центар кој ќе овозможи 150 нови работни места како и инвестиција за отворање на нов ретаил парк кој ќе овозможи 400 нови вработувања.