ЕК: Корупцијата во Црна Гора и натаму претставува причина за загриженост

Црна Гора постигна одредено ниво на подготвеност во борбата против корупцијата, но и покрај ограничениот напредок, корупцијата и натаму е присутна во многу подрачја и претставува причина за загриженост, се посочува во извештајот на Европската комисија за оваа земја.

Во извештајот претставен денеска се оценува дека кога се во прашање политичките критериуми, извештајниот период бил одбележан од ниско ниво доверба во изборната рамка, кој мора да биде ревидиран на сеопфатен и инклузивен начин.

„Во извештајниот период одржани се претседателски и локални избори во 11 општини. Локалните избори се одржуваат на ротациска основа, поради што е тешко да се набљудуваат изборите, посебно за меѓународните набљудувачи, а постои голем простор за тврдењата дека постоеле неправилности, што не може независно да се оцени“, се посочува во документот.

Во извештајот е оценето дека политичката сцена и натаму е фрагментирана, поларизирана и одбележана од недостиг на политички дијалог.

Според оценките на ЕК, Црна Гора е умерено подготвена кога станува збор за реформа на јавната управа.

„Севкупно гледано, остварен е одреден напредок. Добар напредок е остварен во среднорочното планирање на политиката, вработувањата засновани на заслуга и рационализацијата на организацијата на државната управа“, се истакнува во извештајот.

Исто така, оперативниот капацитет на институциите е подобрен и сите институции би требало да покажат проактивен став.

Во извештајот се додава дека финснсиските истраги, како и запленувањето и одземањето имот и натаму треба да се подобруваат.

Умрено подготвена е Црна Гора и кога станува збор за борбата против организираниот криминал.

Европската комисија нотира дека земјата дека постигнала одредено ниво во погледот на слобода на изразување, но дека во извештајниот период не постигнала напредок.