„Ејџијан“ ќе ги намали летовите меѓу Атина и Скопје
Грчкиот национален авиопревозник „Ејџиан Ерлајнс“ ќе го намали бројот на летови на линијата Атина-Скопје во претстојната зимска сезона.
Како што објави специјализираниот веб сајт „Екс-Ју авијација“, летови на оваа рута ќе има четири пати неделно, место шест како што имаше минатата зима.
„Ејџиан“ ја воведе линијата Скопје-Атина во ноември 2018 година, а линијата Скопје-Сараево беше воведена во октомври 2023 година.