Едночасовна музејска тура во Музејот на современа уметност за 11 Октомври


Фото: Б. Грданоски

Утре, по повод 11 октомври – Денот на народното востание, Музејот на современата уметност – Скопје ќе ги отвори вратите за сите посетители.

-Нашиот кустос Бојана Јанева ќе направи прошетка и музејска тура од 13 до 14 часот за сите посетители низ актуелните изложби. Влезот ќе биде бесплатен – се вели во објавата на Музејот на современа уметност, Скопје.