Едно лице рането во оружен инцидент во Скопје


Едно лице е повредено во оружен инцидент што се случил попалденво на улицата „Ордан Чопела“ во Скопје.

Од МВР информираа дека повреденото лице е пренесено во Специјалната болница по хируршки болести „Св.Наум Охридски-Скопје“. Според првичните информации, лицето било застрелано со пиштол.

Полицијата работи на расчистување на случајот.