Една жртва на торнадо во Мичиген: Повредени повеќе од 40 луѓе
Торнадо во северен Мичиген, САД го погоди малото место Гејлорд и усмрти најмалку едно лице, а повреди повеќе од 40.
Торнадото причини голема штета додека превртуваше автомобили, откорнуваше пориви и дрвја, а туркаше и далекуводи.
Торнадото се појави во 15.45 часот во малиот град со околу 4.200 луѓе, кој се наоѓа на околу 370 километри од Детроит.
Државната полиција на Мичиген потврди дека едно лице загинало и соопшти дека повеќе од 40 се повредени и се наоѓаат во болница.
Екстремни ветрови не се вообичаени за овој дел од Мичиген затоа што Големите езера ја црпат енергијата од бурата, посебно рано наутро на провлет кога езерата се многу студени.
Последен пат кога Гејлорд имал олку јака бура е во 1998 година, а ветрот достигнал брзина од 160 км/ч.