Една загината и двајца повредени во тешката сообраќајка на патот Тетово-Гостивар


Денес во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Тетово- Гостивар близу Неготинска петла, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „пежо” управувано од Г.В.(47) од Охрид и возило „мерцедес“ управувано од А.А.(19) од Гостивар.

Во незгодата на лице место на повредите им подлегнала сопатничката од патничкото „пежото“ Д.М.(81) од Охрид, додека со тешки повреди се здобиле возачот В.В.(47) и сопатникот С.В.(69) од Охрид, констатирани во Ургентен Центар Гостивар.

Сообраќајните ленти од магистралниот пат од Тетово кон Гостивар од клучка за с.Неготино се во прекин и сообраќајот се пренасочува по населените места.

Увид на лице место ќе врши екипа при ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител.