Џемс О’Брајан доаѓа во Скопје на 22 јануари


Џемс О'Брајан и Оливер Спасовски на средбата во Стејт департментот

 

Помошник-државниот секретар за Европа, Џемс О’Брајан се очекува да дојде во Скопје на 22 јануари на регионален собир на кој ќе се расправа за Планот за раст на ЕУ вреден шест милијарди евра. На собирот треба да присуствуваат повеќе лидери од Западен Балкан. Тој треба да биде во Македонија два дена.

ТВ 21 објавува дека според нивните неофицијални информации О’Брјан и други меѓународни фактори, наводно, ќе инсистирале на потпишување некаков „нон пејпер“ на албанските политички партии дека не би коалицирале со партијата која нема јавно да изјави дека во првите 6 месеци од новиот мандат нема да ги направи уставните измени.

Со О’Брајан вчера во Стејт департментот се сретна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој е во повеќедневна посета на САД. Спасовски му кажал на американскиот дипломат дека сите директиви и лицата од листата на санкции на САД ќе бидат ставени во законска рамка за да немаат можност да учествуваат во јавни набавки, да бидат дел од владата, ниту пак да бидат кандидати за извршување јавни функции.

Џејмс О’Брајан нагласил дека чекорите кои ги преземаат МВР и се важни во борбата против корупцијата и организираниот криминал. И двајцата се согласиле дека европскиот пат нема алтернатива и периодот што следи е клучен за Македонија за тоа во кој правец ќе се движи државата.