Џамбаски не доаѓа, од Бугарија стигнуваат сто души

Оцицијалните македонски делегации ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев во 9 часот, а тричлената бугарска во 12 часот


Гробот на Гоце Делчев утрото на 4 февруари (Фото: Б. Грданоски)

 

Веројатно ќе бидат избегнати ситуациите кои можат да бидат провокативни и од сериозен безбедносен ризик откако утринава се дозна дека оној што најмногу провоцираше досега – европратеникот на бугарското ВМРО, Ангел Џамбаски, нема да се упати кон Скопје на одбележувањетоп на денто на раѓањето на Гоце Делчев. Наводно, тој требало да оди на пат кон во Европскиот парламент. 

Според она што се знае, од Бугарија ќе дојдат околу сто луѓе организирано со автобуси да одаддат почит. А ќе има и официјална тричлена бугарска делегација предводена од министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, во која ќе биде и министерот за здравство и бугарскиот амбасадор во Скопје.

Официјалните македонски делегации во кои ќе бидат и претседателот и премиерот ќе положат цвеќе во 9 часот, а бугарската делегација тоа ќе го направи во 12 часот.

Од утринава Скопје постојано е надлетуван со хеликоптер. 

Околу црквата „Свети Спас“ има голем периметар на обезбедување и таму освен новинари, официјални лица и луѓе од обезбедување немаше други луѓе. Блокадите на полицијата се поставени подалеку од црквата, улицата „Самоилова“ е затворена. 

 

Бугарскиот министер за внатрешни работи, Демерџиев, очекува дека ќе бидат исполнат ветувањата на властите во земјава дека без никакви проблеми ќе бидат пуштени бугарските државјани, кои сакаат да дојдат во Скопје, јави БТА

„Има податоци дека се запрени бугарски граѓани, не знам колку се точно. На крајот на денот ќе имам информација и колку се оправдани мотивите за тоа“, изјави Демерџиев.

Тој додаде дека има листа со бугарски државјани, на кои нема да им биде дозволен влез, но како што посочи таа листа не е голема. Демерџиев планира да ги почека оние Бугари, кои сакаат да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев, за да можат заедно со нив да ја одбележи годишнината од раѓањето на Делчев.