Двегодишно дете завршило во штипската болница со повреди и опекотини, го однела тeтка му
Двегодишно дете било донесено во штипската болница со повреди и опекотини.
– На 02.12.2025 во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото. Детето е задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош, соопштија од полицијата.