Две претстави од театри од Софија вечер во Албански театар – Скопје

Две претстави од театри од Софија вечер ќе бидат одиграни во Албанскиот театар – Скопје, соопштија денеска од „Скупифестивал“.
Според програмата на Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“, од 19 часот ќе почне перформнасот „Х“ од независниот театар Јалта Арт Рум од Софија, автор и режија – Бојан Крачалов, во интерпретација на Васил Дуев – Туиг.
Еден час подоцна, од 20 часот, ќе се изведе претставата „Медеа“ од Еврипид од Народен театар „Иван Вазов“ – Софија, во режија на Деклан Донелан. Улоги: Радина Карџилова, Велислав Павлов, Валентин Ганев, Асен Данков, Јавор Валканов, Стелиан Радев, Вера Табакова, Радена Валканова, Жорета Николова, Стефанија Колева, Елена Иванова, Надја Керанова, Ана Пападопулу и две деца – актери.
Од „Скупифестивал“ потсетија дека синоќа во 20 часот беше изведена претставата „Дон Жуан“ од Жан Батист Молиер, во продукција на народен театар од Ниш.