Две лица пукале кон граничната полиција на границата со Албанија
Вчера во 23.40 часот, граничната полиција на периферијата на Дебар забележале две лица кои сакале илегално да ја преминат границата во правец кон Република Албанија при што е разменет оган со непознатите лица.
„При обид да бидат запрени, лицата испукале неколку куршуми од огнено оружје кон нив, на што полициските службеници возвратиле и лицата се дале во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, известуваат од МВР.