Две финалиња и една бронза за македонските каратисти по првиот ден на европската Универзијада


Македонската универзитетска карате репрезентација, во елиминациските борби од првиот ден на европската универзијада во Мишколц, Унгарија има забележителни резултати.

Петар Заборски (-75 кг) и Данило Божовиќ (+84 кг), успеаја да влезат во финале, додека пак Ангела Мојсовска го освои бронзениот медал во категоријата (-68 кг). С

тефан Стојанович загуби за влез во финалето и потоа во борбата за бронзениот медал, со минимални резултати 1-1, поради правило на  прв земен поен и го оствари пласманот на петто место

Во финалето, Заборски ќе има борба со Тим Штеинер од Германија, додека Божовиќ ќе се соочи со Словакот Томас Коса.