Двајца синови ја натепале мајката, тепани се и малолетници


Полицискиот билтен денеска бележи по малку чудни тепчаки, па така жртви се мајка, натепана од двајцата синови, потоа малолетници, натепани од други малолетници, но во една од тепачките учествувала и мајка на друго дете.

Во неделата во 16 часот во СВР Скопје, 52 – годишна жена пријавила дека во саботата околу 21 часот во домот во скопско била физички нападната од нејзините синови Д.К. и А.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утрово, во 3.30 часот во СВР Скопје, Л.Л.(49) од Скопје пријавила дека на во неделата околу 20.30 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во неделата пак, во 14.30 часот во СВР Скопје, Д.В.(39) од Скопје пријавил дека во саботата околу 18.30 часот, на подрачјето на Кисела Вода неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик и од неговата мајка А.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.