Двајца силувале девојка во Кисела Вода


Денес во 4.31 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка пријавила дека во објект на подрачјето на општина Кисела Вода била силувана од две лица. Според пријавеното се работи за 22-годишниот М.З. и 35-годишниот И.А.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.