Двe групи се пукале на Бит пазар, повредена е жена, случаен минувач


Фото: Б. Грданоски

Попладнево имало пукање со огнено оружје во близина на на полициската станица Бит пазар, објави ТВ21.

Како што објави медиумот неофицијално, има една жртва.

На терен се присутни засилени полициски сили, како и Брза помош.

Според првичните информации, повредена е една жена, случаен минувач.

Очевидци за телевизијата изјавиле дека двајца пукале еден кон друг.

Денеска околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје, соопштија од МВР.

Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила, појаснија од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.