Двајца мртви во нов пожар во романска ковид-болница

Двајца пациенти со Ковид-19 починаа денеска во пожар што избувна во романска болница, а една медицинска сестра е повредена.
Пожарот избувнал во болница во романскиот град Плоиеста, а ова е четврт пожар што зафаќа некоја болница во Романија за една година.
„Двајца пациенти го изгубија животот, а 16 се преместени во друга болница во Плоиеста поради чадот кој го наполни приземјето на болницата, но нивните животи не се во опасност3, рече за Франс прес портпаролката на итната служба Ралуца Василае.
Медицинската сестра, има 40 отсто изгореници по телото, и префрлена е во болница во Букурешт.
Не се знае причината за избувнувањето на пожарот.
Според директорот на болницата, зградата е обновена минатата година,а неодамна се проверени и електричните инсталации и системот за достава на кислород.
Романија има недостиг од болнички кревети
Романија е тешко погодена од четвртиот бран на Ковид-19 и недостасуваат кревети на одделите за интензивна нега.
Повеќе пожари во болниците
Во октомври во пожар во болница во Константа на југозападот од земјата животот го загубија седум заразени со корона вирус.
Дванаесет загинаа во два пожара кои ги погодинја болниците во Пјатра Немт во ноември лани и во Букурешт во јануари годинава.
Во април тројца заболени кои беа на респиратор во Букурешт починаа по грешка со кислородот.