Двајца млади скопјани најдени мртви во нивните домови


Двајца скопјани, едниот на возраст од 43, а другиот 44-годишен, најдени се мртви, вчера, во своите живеалишта, без траги од насилство, соопшти МВР.

Имено, во СВР Скопје вчера во 20 часот од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без траги на насилство во стан на ул.„Маџари“.

Се работи за И.Ј. (43) од Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Истиот ден, во 12.50 часот во СВР Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без видливи траги на насилство во стан на ул.„Ташко Караџа“. Се работи за С.А. (44) од Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.