Два пожари во Куманово во две семејни куќи, во една пукнала плинска боца во другата се запалил бојлер
Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово во текот на вчерашниот ден регистрирал два пожари во две семејни куќи во Куманово.
Првиот пожар се случил во семејна куќа на улица „Народна револуција” каде пожарникарите интервенирале на запалена плинска боца.
„Интервенирано во 10:20 часот со едно возило и петмина пожарникари. Зафатена била една соба од објектот при што е направена материјална штета која допрва ќе се утврдува. Пожарот е локализиран и завршен во 11:20 часот“, соопшти РЦУК.
Втората интервенција на опожарен бојлер во семејна куќа во село Черкезе во временски период од 16: 25 до 17: 25 часот. Пожарникарите интервенирале со една екипа. Пожарот ја зафатил и оштетил кровната конструкција на објектот, причината како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува.