Два авиона се судрија на аеромитинг во Португалија, загина пилот
Шпански пилот загина во судир на два каскадерски авиона на аеромитинг во португалската воена база Беха, на 180 киломтери јужно од Лисабон.
Британските медиуми пренесуваат дека по судирот, неговиот авион се урнал и експлодирал.
Португалското воздухопловство (ПАФ) соопшти дека е повреден пилотот и на вториот авион што учествувал во инцидентот.
JUST IN: 2 planes collide and crash during airshow in Portugal, at least 1 pilot killed pic.twitter.com/XujrbEQBoe
— BNO News (@BNONews) June 2, 2024
ПАФ соопшти дека во несреќата учествувале авиони на акробатската патрола ИАК СТАРС, за која се наведува дека се членови на „најголемиот цивилен акробатски тим во јужна Европа“.
Воздухопловното шоу „Beja AirShow“ е најголемиот авијациски фестивал во земјава, а по несреќата ПАФ го прекина натмошното шоу, наведуваат британските медиуми.