Дури и затвореници си тргуваат со туѓи платежни карички


Во два одвоени случаи полицијата констатирала неовластено тргување со тужи картички.

Имено, СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(34) од Струга, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и Т.К.(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека Т.К. е пријавена и за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавените довеле во заблуда лице од Штип и неовластено ги прибавиле нејзините лични податоци, по што во текот на април и мај 2025 ги искористиле така што во име на лицето аплицирале за седум потрошувачки кредити во седум финансиски друштва за вкупен износ од 227.500 денари.

После тоа, второпријавената неовластено ги обезбедила, а подоцна и употребила податоците од банкарската картичка на лицето и извршила 11 успешни трансакции на банкомати на банки во Велес и Штип во износ од 214.000 денари.

Во друг случај исто во  Штип поднесена е кривична пријава против З.Е.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 26.08.2025 пријавениот без дозвола и согласност на лице од Карбинци, со банкарска картичка извршил трансакција од 6.000 денари.