Дури 75.000 од руските војници убиени или ранети во Украина


Повеќе од 75.000 руски војници – околу половина од тие што Москва ги испрати за  да ја нападне Украина во февруари – се верува дека се убиени или ранети, рече пратеникот,  соопшти  Елиса Слоткин, член на Преставничкиот дом на САД, по доверлив брифинг со претставници од администрацијата на претседателот Џо Бајден. Според неа, бројката е „огромна“.

„Бевме информирани дека над 75.000 Руси се или убиени или ранети, што е огромно. Имашее неверојатни инвестиции во нивните копнени сили, а сега над 80 отсто од нив се заглавени и се уморни“, рече Слоткин.

Воените жртви се државна тајна во Русија дури и во време на мир. Последната проценка на ЦИА беше дека 15.000 руски  војници биле убиени во борбите.

Слоткин, која неодамна се врати од патување во Украина, рече дека следните три до шест недели би можеле да бидат клучни за правецот на конфликтот.

Овие најнови бројки, доколку бидат потврдени, ќе значат големи загуби за Русија додека Украина продолжува со контраофанзива во јужниот дел на земјата, окупиран од Русија, за да го врати стратешкиот град Керсон.Градот, кој пред војната имаше 290.000 жители, во моментов е под управа назначена од Москва, откако падна на почетокот на војната.

Британското Министерство за одбрана во својот дневен разузнавачки билтен денес соопшти дека украинската контраофанзива во Керсон зема замав и дека „со голема веројатност воспоставила мост јужно од реката Ингулет, која ја формира северната граница на Херсон окупирана од Русија“. Враќањето на контролата врз градот ќе им даде на украинските сили основа за враќање на делови од брегот на Црното Море. Британското разузнавање потврди дека Антонивскиот мост во близина на Керсон, кој за прв пат беше оштетен минатата недела, беше повторно погоден на 27 јули „и голема е веројатноста дека преминот сега е неупотреблив“. Антонивски е еден од трите моста преку реката Днепар оштетени од украинските сили со помош на новата артилерија со долг дострел. Русија се потпира на мостовите за снабдување на областите под нејзина контрола.

Британското разузнавање соопшти дека Херсон, политички најзначајниот центар  окупиран од Русија, сега е „виртуелно отсечен“ од другите територии окупирани од Русија.Губењето на Керсон сериозно би ги поткопало обидите на Русија да ја претстави окупацијата како успешна, велат од британското разузнавање.

Наталија Хуменјук, портпаролка на Оперативната команда Југ, претходно на украинската телевизија изјави дека украинската контраофанзива напредувала во близина на Керсон.

„Контраофанзивата на југот на Украина напредува. Руската армија е деморализирана“, рече таа, додавајќи дека две села – Андријивка и Лозове – се ослободени, а украинските сили ги зајакнуваат своите позиции.