Дупките што се отворија по земјотресот во Хрватска се шират


 

Најголемата дупка во земјата во селото Меченчани, која настана по силниот земјотресн на подрачјето на петриња, е широка 20 метри и длабока најмалку 5 метри, а и понатаму се шири. Оградена е, а геолозите ќе испитуваат како може да се санира.

Објаснуваат дека поради составот на тлото натопено со вода, по земјотресот настанале дупките.

Наскоро дупката ќе ја снимаат со дрон, а и другите триесетина во оклината.

„Полицијата во моментов ја оградија дупката и тоа е се што може да се направи во моментов. Што се однесува на санацијата, геолозите по своите истражувања ќе ги проследат податоците до геотехничарите и градежниците кои по правилата на струката ќе кажат дали може да се санира таква дупка или не“, велат надлежните.

Сопствениците на земјата на која се појави дупката се сопружниците Бисерка и Никола. Бисерка за Н1 вели дека ја видела дупкаѕа од прозорецот.

„Ми беше чудно тоа што го гледам во градината. Отидов да видам и веќе беше отворена огромна дупка“, вели таа.

Нејзиниот сопруг не и верувал, а додека пошол да види дупката била зголемена. Но сега, десетина дена по земјотресот, дупката е според него, за 70 отсто поголема.

Вели дека цело време се слушаат одрони и дупката постојано се шири.