Дупка сред пат `голтна` автобус во Питсбург


 

Автобус пропадна во дупка сред пат во центарот на Питсбурк, а со кранови потдоцна беше изваден, јави АП.

Во понеделникот наутро, властите велат дека два крана дошле на местото на инцидентот и го извлекле авотбусот. Од градот велат дека во автобусот за време на инциденотт биле возачот и 56-годишна жена кои биле извлечени од автобусот проголтан од дупката.

Патничката со мали повреди била пренесена во болница по што е пуштена, а возачот бил неповреден. инцидентот се случил утрото кога во центарот на Питсбург има најгуст сообраќај.

Според надлежните, патот поминувал над инсталации за струја, односно кабли низ кои поминуваат 22.000 волти. Во истиот канал поминуваат и фибероптички кабли, кои ако се оштетат ќе предизвикаат прекин на комумикациите во три држави.