ДУИ тврди дека се случува „етничко чистење“ во МВР
Демократската унија за интеграција денес преку прес-конференција извести за екстремното деградирање што се случува во безбедносните и одбранбените институции откако Вреди е дел од владеечката коалиција. Од ДУИ велат „враќањето на меѓуетничките инциденти и меѓуетничкитепровокации, зголемувањето на вооружените инциденти, деградирањето и запоставувањето на албанските кадри, нивната замена со кадри на ВМРО-ДПМНЕ, се меѓу многуте случаи кои ја одразуваат работата на безбедносните институции во овие четири месеци – лошо владеење на моноетничката влада“.
„Во овој период во Министерството за внатрешни работи се случи етничко чистење и деградација на албанскиот кадар, како што беше случајот со раководителот за истражување во МВР, помошникот министер за административни работи, помошникот директор во Секторот за униформира наполиција, началникот за меѓународни истраги (Интерпол), началникот во Секторот за внатрешни работи во Струга, началникот во единицата за трговија со оружје, командирот во Полициска станица во Гостивар, командирот во полициска станица Бит-пазар во Скопје, како и значителен број на високи инспектори во секторот за организиран криминал и криминалистичка полиција.
Треба да се спомене и деградирањето на граничните полицајци во случајот со Африм Гаши и случајот со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи во скопскиот аеродром, од каде без нивна вина како резултат на овој националистички пристап, албанските полицајци трпеа казни, деградирања, разрешувања и со постапки за кривично гонење за нешто за што тие воопшто не се виновни или одговорни, туку едноставно се жртви на системот што оваа власт без етнички легитимитет се обидува да го изгради за покажување на сила и ширење на страв кај албанските граѓани.
Во овој период постојано се врши притисок врз вработените да потпишат изјави дека доброволно се откажуваат од работното место, главно тие на раководни позиции, и тоа со цел да не продолжат со управни и судски постапки. Овие лоши потези што ги презеде оваа моноетничка власт, не штеди ниту една институција, дури и оние каде што се бараат стандарди и правила, како локални така и меѓународни, да бидат водени од неполитички и стручен кадар. Дека е така, докажува и последното назначување што ја направи Владата, на првиот човек на Агенцијата за национална безбедност, кадарот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски, кој во февруари 2023 година беше назначен за претседател на комитетот на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје. Овој избор отвора многу дилеми, при што со право може да се посомневаме дека намерата е безбедносните институции да се претворат во партиски штабови.
Во одбраната ситуацијата воопшто не е различна. И таму албанските кадри се деградирани, како што беше случајот, кога претседателката Гордана Давкова Сиљановска за шеф на генерал штабот назначи кадар кој не ги исполнува потребните услови за да биде на оваа функција.
Правична и соодветна застапеност, во сите ешалони на Министерството за одбрана, како во администрацијата, униформата, воената дипломатија, мировните мисии во странство и воената академија, сè е стагнирано и албанските кадри се занемарливи и речиси премолчени во тоа Министерство. Единствениот глас во тоа Министерство е гласот на министерот, додека заменик министерката е само марионета, исто како и сите други министри и заменици министри од коалицијата Вреди во оваа Влада. Дури и во обуките и огласите на Министерството за одбрана и Армијата, се занемаруваат Албанците и другите помали етнички заедници.
Се ова се случува затоа што Албанците во власта се претставени од субјекти без легитимитет и како резултат на тоа немаат никаква сила и моќ да ги претставуваат и одлучуваат за Албанците. Овој факт воопшто не ги ослободува од одговорност, бидејќи свесно ја прифатија улогата на марионети во владата без етнички легитимитет“, велат од ДУИ на прес-конференцијата.