ДУИ порачува судот и обвинителството да не потпаѓаат под политички притисоци за случајот со Артан Груби
Демократската унија за интеграција изразува крајно негодување од однесувањето на бројни политички партии, кои преку своите јавни настапи извршија длабока политизација на случајот со Артан Груби. Без разлика на политичките разлики, неприфатливо е правните процеси да се водат надвор од институционалната и правната рамка што е уставно загарантирано, наведува ДУИ во соопштение.
„Веќе го реафирмираме нашиот став, дека секој поранешен или актуелен функционер, за кого постои сомневање при извршувањето на функцијата, треба да се соочи со институциите и постапките пред домашните органи. Токму затоа ја сметаме позитивна одлуката на Артан Груби да се пријави на правосудните органи, и преку институционалните форми да ги соочи аргументите на својата одбрана. Но тоа преставува логичен став само доколку во исто време државата гарантира фер, непристрасна и транспарентна процедура, ослободена од партиски влијанија и политички притисоци“, велат од ДУИ.
Од партијата упатуваат „јасен повик“ до судот, обвинителството и сите надлежни органи да не потпаѓаат под политички притисоци и да постапуваат исклучиво врз основа на закон и докази.
„Независноста на правосудниот систем е темел на владеењето на правото и уставна обврска, а не предмет на толкување од стана на јавноста, уште помалку од политичките партии. Оттука сакаме да повториме дека очекуваме процесот да се одвива со целосно почитување на пресумпцијата на невиност, процесните права и достоинството на секое лице вклучено во постапката“, се вели во соопштението на ДУИ.