ДУИ ја обвини владата дека ги штити олигарсите


Главната албанска опозициска партија ДУИ ја обвини владата дека ги штити олигарсите и дека тоа е причлината што одбива да се донесе закон за рестриктивните мерки со кој на тие што ќе се најдат на црните листи на САД и на ЕУ ќе им биде забранет оприустап до јавни функции.

-Зошто Владата одбива да го донесе Законот за рестриктивни мерки, кој спречува лицата санкционирани од САД и ЕУ да имаат пристап до политичкиот живот и јавните ресурси? Овој закон не е избор, туку неопходност. Одбивањето или одолговлекувањето на неговото донесување отвора сериозни сомнежи за мрачни влијанија и заштита на интересите на олигарсите. Јавноста бара јасни одговори: За кого работи Владата? За граѓаните, или за своите спонзори и привилегирани олигарси? Рестриктивните мерки се тест за интегритетот и решителноста за праведна и европска иднина. Секое одложување е чин на предавство кон граѓаните на оваа земја, порачуваат од ДУИ.

Пред една недела и ЕУ објави документ за Западен Балкан во кој за првпат се спомена де-олигархизација на државите како една од реформите за да влезат во ЕУ, нешто што не постоеше како термин претходно.