ДУИ го спасува Мицкоски, тврди СДСМ за враќањето и апсењето на Груби


 

Неочекуваното апсење на поранешниот вицепремиер Артан Груби на граничниот премин „Блаце“ откако тој сам дојде од Косово предизвика политички шпекулации за тоа дали е во прашање некаков политички договор. СДСМ тврди дека ДУИ го спасува премиерот Христијан Мицкоски и дека како што бегството на Груби беше дел од политички договор така е и неговото враќање.

Секој што го прекршил законот мора да одговара.

„После денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор. СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година. Сега само се потврди пред очите на македонската јавност.

Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати“, велат од СДСМ .

Според опозициската партија, вака ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од ДУИ сака да го покрие нарко-скандал со петте тони дрога „кој води до врвот на Владата на Мицкоски“.

„Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтингот на Мицкоски. Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали, скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните.

‘Лесни македонски перници’, на овој начин пет тони дрога била пренесена преку границата. Значи замешани се и од царината и од полиција, и од други институции под контрола на владејачката структура и на Мицкоски.

Затоа им е потребен Артан Груби. Цела е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ.

А вистината е дека ВМРО-ОКГ се во дил со ДУИ. Власта го презема судството и обвинителството под своја контрола, се уриваат предметите на СЈО  сега е вистинско време Груби да се предаде. Кој се смее кога го апсат?“, прашува СДСМ.